АКО САД СИ ДОЗВОЛУВААТ ВАКВО ВМЕШУВАЊЕ, ОД КАДЕ ИЗЛЕЗЕ ДЕКА СТЕВЧО Е ПОГОЛЕМ КРИМИНАЛЕЦ ОД АХМЕТИ, ОСМАНИ И ЦЕЛАТА МАФИЈАШКА БАНДА? Најчевска вели Јанева станала јавен обвинител заради Американците

0
119

Професорката Мирјана Најчевска реагира за црната листа на САД, во која беа сместени и Катица Јанева и Стевчо Јакимовски.

„Ова е проблематично по повеќе основи.

Прво, што андрак бара сега Катица Јанева на црна листа на Американците кога жената која тие ја донесоа за специјален јавен обвинител е во затвор.

Второ, крајно несоодветно на ваков начин да се атакува од странска држава претседателски кандидат непосредно пред избори. Тоа Американците си го дозволуваат само спрема Путин колку што се сеќавам.

Трето, ако веќе си дозволуваат вакво вмешување, од каде тоа излезе дека Стевчо е поголем криминалец од Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и целата мафијашка банда? Ако веќе некој се става на црна листа пред избори зошто не се ставаат луѓе од ДУИ? За да се задржи ДУИ во власта?“, напиша таа.