Ќе се избира член на Советот на јавни обвинители

0
72

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, со изборно место број 5.

Како што информираат од Советот, гласачкото место се затвора во 16 часот.

– Комисијата која ги спроведува изборите во ЈОРСМ околу 16:15 часот ќе ги достави изборните материјали во Советот, стои во соопштението од Советот на јавни обвинители. ар/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА