ВИДЕО+ФОТО: Масакр по течението на Пена, наместо да сади ЈКП Тетово сече дрвја

0
196

Сеча на дрвја долж коритото на река Пена. Иссечени се високостеблестио деценски дрвја од ЈКП Тетово со образложение дека се чисти коритото. Но ваквата акција наиде на осуда од еколошките организации и граѓаните.

Некогашните раскошни и децeниски дрвја долж течението на реката Пена ги нема. Длабоките сенки и заштитата од ерозивните процеси ЈКП Тетово реши да ги испрати во историја со образложоние дека презема акцијаа за чистење на речното корито. Но граѓаните и здруженијата со осуда

Јас лично вчера видов што се случува тука и случајот го пријавив во полиција. Неколку дрва кои вчера ги исекоа од ЈКП Тетово јас лично сум ги засадил. На таа страна каде што имаше дрвја никогаш не се појавила ерозија, додека од десната страна на реката има ерозивни процеси, затоа што таму нема дрвја, вели еден жител на Тетово.

– Ова е разочарувачки, ова ни е единствениот дел каде што можеме да рекреираме, што им сметаат дрвјата, властите треба да засадуваат, а не да ги сечат дрвјата, додава друг жител на Тетово.

Дрвјата со децении го штитеа овој дел од Шара

Од Еко Герила велат дека шумата е од суштинско значење за спречување на ерозивни процеси на шарпланинскиот масив. Не веруваат дека ЈКП Тетово имале било каков елаборат, за сечата на дрвјата

Од тоа што го увидовме, ситуацијата е грозна. Ние ја поздравуваме иницијативата да се чисти коритото. Но, тука треба да се вклучат и другите институции, не би сакале да мислиме дека се прави нешто повеќе од чистење на коритото. Дрвјата се тие кои ја заштитуваат и природата и ерозијата и каков било климатски ефект. За жал, на Шара во последниве години е иссечена многу шума и тука немаме институционална активност за спречување на сето ова, изјави Нгадњим Мемети од Еко герила.

Од ЈКП Тетово велат дека презеле рани мерки во случај на поплава. Но полицијата ја спречила нивната активност како што кажаа само да ја попречат работата на локалната самоуправа.