ВИДЕО: Во Турција се урна воен авион, пилотот се спасил, но загинал работник на градилиште

0
119

Воен авион за обука се урна денеска во централниот дел на Турција, јави Анадолија.

Авионот од засега непознати причини се урна во провинцијата Коња.

Во регионот се испратени голем број медицински и противпожарни екипи.

Се дознава дека пилотот се катапултирал од авионот пред падот.

Според гувернерот на Коње, Вахдетин Озкан, загинал работник кој користел градежна машина на градилиштето каде се урнал авионот.