ПОПРАВАЛА ЗАБИ СО ФАЛСИФИКУВАНА ДИПЛОМА ОД ПРИШТИНА

0
150

Во Белград е уапсена 48-годишна Србинка, која работела како стоматолог во нејзината стоматолошка ординација „Б.В. Дентал естетик“ со фалсификувана диплома издадена од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина. Ординацијата е затворена, а против лажната белградска забарка е поднесена кривична пријава и таа е задржана во притвор.

Таа е осомничена за надрилекарство и надриаптекарство, давање медицински услуги, како и за фалсификување на диплома од Медицинскиот факултет во Приштина, што очигледно и овозможило да работи во ординацијата