Вучиќ разговара со рускиот амбасадор

0
98

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе се сретне со амбасадорот на Руската Федерација, Александар Боцан-Харченко.

Средбата ќе се одржи во 11:00 часот во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Република Србија, соопшти прес-службата на претседателот.

Средбата доаѓа откако ЕУ и високите претставници повикаа на итно спроведување на договорот Србија-Косово.