Директорката на Токсикологија не знае македонски и доаѓа на работа со татко ѝ

0
212

Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Илјази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа клиника, јавува МКД.мк повикувајќи се на свои извори во клиниката.
Според нивните информации, директорката често на работа доаѓала со својот татко кој бил како нејзино обезбедување.
Таа била назначена за директорка во февруари годинава откако претходно се движела низ кабинети во општина Тетово и Министерството за култура. Има завршено економски факултет на Универзитетот во Тетово.