Вработените во „Пошта“ најавуваат штрајк, им доцни февруарската плата

0
92

Синдикалните организации на Македонска Пошта ја повикува Владата да се задолжат за обезбедување финансиски средства за редовна исплата на плата, како и преземање на итни мерки за реформирање и реорганизирање на компанијата. Доколку не се исполнат барањата на вработените, најавуваат дека протестот ќе продолжи понатаму, а Синдикалните организации ќе отпочнат и постапка за организација на штрајк.

-Повеќе пати разговаравме со новиот директор, но не добивме конкретен одговор кога ќе има исплата на плата. Сведоци сме дека денеска нема плата за работниците, а законскиот рок е до 15-ти во месецот. Моментално се 1800 вработени и околу 200 поштари на договор. Исто така бараме и да се реши статусот на поштарите кои работат за минимална плата и без здравствено осигурување, вели претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов.

Како што информира, 80% од вработените се на минимална плата. Велигденов обелодени дека после 15 години, дури сега добиле зимски униформи за поштарите. За летните униформи се уште не се знае дали и кога би биле доставени.

Вработените во „Пошта“ денеска од 08:00 до 10:00 часот организираат протест на членството пред Дирекцијата и во сите подружници.