Драма во Загреб: Ученик направил список со соученици за убивање, па објавил фотографија од оружјето

0
87

Ученик од основно училиште од Загреб направил список на неговите соученици кои треба да бидат застрелани и тие закани ги поткрепувал со фотографија со оружје, пренесува РТЛ.

За случајот е известено Министерството за образование, а надзор извршила и просветната инспекција.

Загрижените родители повикале полиција во училиштето и била направена полициска пријава.

Родителите сметаат дека директорот на училиштето не реагирал навремено и додаваат дека за сето ова ќе зборуваат вечерва на советот на родители.

„Да биде уште полошо, го стутка првиот список, направи нов со името на класот. Родителите се плашат, децата исто “, изјави таа за RTL мајка на ученик, пренесе Index.hr.