ДУИ загрижена за победата на Путин и поддршката што ја доби во Македонија

0
136

Според Изборната комисија во Русија, за Владимир Путин на претседателските избори гласале 88,1 отсто од руските граѓани кои живеат во Македонија, а од Демократската унија за интеграција (ДУИ) се загрижени за овие резултати и велат дека со ова се докажува дека руската политика е присутна во државата и секој ден сè повеќе се обидува да го загрози европскиот пат.

Во руското сценарио на Путин, политичките партии во Северна Македонија веќе долго време гласно се набројуваат, а на истите неодамна им помага и албанската опозиција која секојдневно ги клевети, навредува и дезинформира граѓаните дека ДУИ е злото на земјата, а не ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Демократската унија за интеграција не сака да верува дека албанската опозиција е свесно приврзана за руските сценарија и воедно апелира истата да размислува и да води кампања демократски и европски, земајќи ги за пример ДУИ и идниот претседател на државата, Бујар Османи, се вели во соопштението.

ДУИ уверуваат дека ќе бидат главниот клуч во процесот за членство во ЕУ.

– Така, како што откриваат сите анкети, на 24-ти април и на 8-ми мај албанската опозиција, веќе координирана со руските политики во Северна Македонија, ќе го добие последниот удар од граѓаните, од кои повеќето отворено кажаа „ДА за Европа, НЕ за Русија“, додаваат од партијата.