Извршителката Јакимовска е приведена поради напад на новинар и полицаец

0
128

Извршителката Весна Јакимовска во полициска станица во Кичево нападнала полицаец откога претходно изгребала новинар.

Извршителката покрај нападот на полицаец и новинарот Фуркан Салиу од ПорталИкс ги уништила и записниците што полицијата ги направила за настанот.

„Вчера, во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В. Ј. (60) од Скопје. Таа, претходно, на улицата Трајче Стрезоски во Кичево физички го нападнала Ф. С. (33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде што била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Нападот на новинарот го осудија и од ЗНМ и АВМУ.