НП Шар Планина: Шара не е стадион, ратраците кои ја уништија тревата и пасиштата не можат за една година да се обноват

0
2683

Големи се штетите кои ги направија Тур операторите кои изминативе неколку години со ратраци превезуваа претежно странски туристи на шарпланинското подрачје, велат од НП Шар Планина.

Уништени се пасишта и ливади, и таквата штета не може така лесно да се надомести, а тоа ни го укажаа и експертите.

„Си имаат направено штета, секако откако ќе се стопи снегот експертите ќе излезат и ќе направат проценки на тие штети и обвинителството и судот ќе оцени колкава е таа штета. Надомест ќе се побара, но тоа не е лесно оти вчера експертите ни кажаа дека треба неколку години да се обнови уништената трева.. Тур операторите велат дека ќе фрлат семе на уништената трева, тоа не е стадион, не е таква трева. Ние таа приказна ја завршиме нема повеќе возење ратраци во вакви услови, и самите компании признаа дека направиле штета“, изјави Ибрахим Дехари директор на НП Национален парк Шар Планина.

Оттаму велат дека во услови на поголема снежна покривка ратраците може да возат, но под строги утврдени правилеа и претходно потпишан договор помеѓу нив како установа и Тур операторите.

„Ако наврнат доволно количини на снег треба да направат договор со нас како можат да се движат со ратраците, но ќе мора и тогаш во услови на поголеми количини на снег да ги почитуваат правилата на тој евентуален потпишан договор. Значи тие ратраци ќе можат да се движат само по регистрирани патишта, но тие се гусеничари, тука има закон кој ограничува или не ограничува каде треба да се движат, тие се гусеничари кои прават и штета на самиот асфалт“, вели Дехари.

И додека надлежните ги пребројуваат штетите кои ги направиле ратраците, Шара се уште се дави во отпад и дивоградби, проблем кој засега централните и локалните власти не успеаја да го решат. Од НП Шар Планина, велат дека работаат на решавање на проблемот со дивоградбите, а се надеваат дека општинските власти ќе започнат да го собираат комуналниот смет од шарпланинските села кој е основниот извор за создавање на дивите депонии на Шара.

Извор СП