Му се слошило, паднал и починал на улица – 32-годишна жена му ги земала парите, СВР Велес ја приведе

0
271

Полициски службеници од СВР Велес вчера ја лишиле од слобода 32 годишната Р.С. од Велес, осомничена дека од лицето Т.Ѓ. (54) години од Велес одзела пари.

Според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ пред дуќаните во близина на Новиот мост во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите, информира денеска Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Осомничената била задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес. На Т.Ѓ вчера му се слошило пред дуќаните кај Новиот мост во Велес, по што била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт без траги на насилство.