Преминувал преку автопат па го прегазиле со автомобил

0
257

Вчера во 11.42 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Тетово – Гостивар, во близина на наплатна станица Тетово, патничко возило „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(42) од с.Србиново, гостиварско, удрило во пешакот В.Д.(41) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.