Неверојатна трагедија во Газа: Петмина загинаа од хуманитарен пакет кој падна врз нив

0
124

Официјални лица во Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас и сведок, изјавија за Си-Би-Ес Њуз дека пет лица загинале во петокот додека авионите фрлале помош за Палестинците во бегалскиот камп Ал Шати во северниот дел на Газа.

Трагедијата се случила кога најмалку еден падобран не успеал правилно да се активира и пакетот паднал врз луѓето.

Официјални лица кои разговараа за CBS News изјавија дека две момчиња се меѓу петте загинати, а 11 други се повредени во инцидентот. Точната возраст на жртвите не е позната, но се наведува дека повредените биле на возраст од 30 до 50 години.

САД, Јордан, Египет, Франција, Холандија и Белгија се меѓу земјите кои беа вклучени во воздушни фрлања во обид да обезбедат храна за жителите на Газа во услови на влошена хуманитарна криза.

ВИДЕО.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа голема група пакети обесени на падобрани како лебдат низ небото, но се чини дека ситуацијата се влошила кога еден нецелосно отворен падобран почнал да паѓа многу побрзо од другите.

A1on.mk