Каракачанов непрепознатлив: 30 килограми помалку со популарната диета во Бугарија

0
118

Поранешниот бугарски министер за одбрана Красимир Каракачанов претрпе голема видлива промена, пишуваат бугарските медиуми.

Тој за речиси една година успеал да ослабе 30 килограми. Лидерот на ВМРО во етерот на БНТ се пофали дека не подлегнал на хируршки операции за да се ослободи од вишокот килограми, туку покажал волја и упорност и со месеци строго ја следел една од најпознатите диети во светот. Каракачанов стана следбеник на режимот „Зона“, кој го спроведуваат и низа други познати личности во Бугарија.

Еден од нејзините најголеми поддржувачи, кои први го популаризираа овој режим на исхрана во оваа земја, беа бугарските актери Марта Вачкова и Владо Пенев. Со неа успеале и да ослабат солидна тежина. „Зона“ е антиинфламаторен режим и е еден од најпопуларните методи за слабеење, познат во светот повеќе од 30 години.

Неговата цел е да го ограничи нивото на токсични масти. Во оваа диета, важно е да се држите до строг сооднос од 40% јаглени хидрати, 30% протеини и 30% масти при секој оброк.

Сепак, доброто е што не гладувате и дозволена е широк спектар на храна, како пилешко и мисирка, говедско, свинско, јагнешко, риба и морски плодови, млечни производи со малку маснотии, јаткасти плодови, маслиново масло.

Се јаде и многу зеленчук – домати, краставици, карфиол, печурки, брокула, боранија, спанаќ, зелка, аспарагус, модар патлиџан, пиперки итн. А од овошјето дозволени се јаболка, круши, сливи, портокали, јагоди, цреши, боровинки, грејпфрут.

59-годишниот Каракачанов им рекол на роднините дека ефектот не е моментален, но колку подолго се следи режимот, толку резултатите стануваат повпечатливи. Неговата најголема мотивација да ги промени прехранбените навики и фигура беше пред се неговото здравје, но и неговата внучка и внук.

Инаку помалиот внук името го добил по македонскиот револуционер Гоце Делчев кој својот живот го посветил на ослободувањето на Македонија, односно момчето ги носи неговите три имиња – Георги (Гоце) Николов Делчев, бидејќи презимето на таткото се совпаѓа со презимето на револуционерот.