Непознато летало забележано над Ваљево

0
183

Денеска во 10 часот и 39 минути властите во Србија откриле непознато летало над Ваљево, на надморска височина од 5.500 метри, соопшти Министерството за одбрана.

Врз основа на наредбата на српскиот претседател Александар Вучиќ, на должност беа подигнати пар борбени авиони МиГ-29, а властите продолжија да го следат воздушниот простор.

По некое време, целта била изгубена на радарските покажувачи.

По пребарувањето на зоната, на борбените авиони им било наредено да се вратат на домашниот аеродром, додека останатите сили продолжија со редовно следење и надзор на воздушниот простор.