Инцидент во гостиварско: Пукано кон албански државјанин и негов другар додека извршувале градежни работи

0
311

На 29.03.2024 во 10.40 часот Ф.К.(50) од Р.Албанија пријавил дека во с.Симница-гостиварско додека изведувал градежни работи, од патничко возило било пукано кон него и неговиот другар, по што возилото го напуштило местото на настанот. Нема повредени лица. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.