Пет дена голгота: Малата Данка уште ја нема

0
167

Вчера, четвртиот ден од потрагата по девојчето Данка, српската полиција со мајката отишла на местото каде последен пат го видела девојчето.

Како што дознаваат српските медиуми, полицијата всушност правела реконструкција на движење со мајката на денот кога девојчето исчезнало. Мајката Ивана Илиќ го покажа секој чекор направен во вторникот, пред детето едноставно да исчезне од дворот.

Денеска е петти ден од потрагата по девојчето.

Да потсетиме, двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути во околината на Бор, а потрагата по неа трае веќе петти ден.

По нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“ (Amber Alert), наменет за итно јавно известување во случај на исчезнување на малолетно лице.