Мицкоски: ДУИ во опозиција, државата назад кај граѓаните

0
148

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на промотивната конвенција на листата за пратеници за изборите на 8 мај рече дека ќе има одговорност за сите функционери на Демократската унија за интеграција кои го прекршиле законот и сториле кривични дела. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ рече дека овие избори се шанса да се испрати порака до оние кои со децении ја краделе Македонија. Според Мицкоски, ДУИ е политичкиот фактор, кој освен што ја омаловажува СДСМ и таа голема партија ја претвори во мала играчка во своите раце.

Мицкоски рече дека Ахмети и оние околу него знаат што направиле сите овие 20 години и што не можеле со пушките сега да прават внатре во институциите. Според него, целта е грабеж, уништување, омаловажување и посрамување на државата и на оние кои ја бранеле Македонија. Мицкоски рече дека ќе оди до крај да бара одговорност од функционерите на ДУИ.

Мицкоски во својот говор ги повика Албанците, кои според него, живеат лошо, на изборите да испратат порака до ДУИ и Ахмети, да одат во опозиција и потоа да се соочат со со правдата.