ПОЧИНА МИРКО ПОПОВ, ЕДЕН ОД ПИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ТЕХНО-СЦЕНА

0
134

Мирко Попов беше еден од најистакнатите урбани ликови, присутен во културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко

На 51 година почина Мирко Попов, еден од најпознатите македонски музички автори и продуценти на електронска музика. Попов беше хоспитализиран на скопскиот Клинички центар по доживеан мозочен удар.

Мирко Попов беше еден од најистакнатите урбани ликови, присутен во културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко.

Првиот професионален ангажман како диџеј го добил во 1992 година, а истата година доби простор во култното скопско музичко радио „Канал 103“, што е еден од клучните моменти во неговиот развој како личност и музичар. Од 2008 до 2010 бил главен и одговорен уредник на „Канал 103“.

Беше еден од основачите на Прогресивната мултимедијална група (ПМГ Колектив) во 1995 година, со која прерасна во градски музички херој.

Има остварено повеќе улоги во театарски претстави, а се јавува и како автор на неколку музички дела за театар и филм.