Министерот за одбрана на Косово Ејуп Мачедонци ја поздрави денес одлуката на Парламентарното собрание на НАТО Косово да добие статус на придружен член на тоа собрание и оцени дека тоа е голем чекор за безбедноста на Косово и регионот.
Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО одлучи денес да го унапреди Косово од парламентарен набљудувач на придружен член. Ова е голем чекор напред за безбедноста и просперитетот на Косово и регионот“, порача тој на Икс.
Тој на 25-годишнината од почетокот на НАТО агресијата на СР Југославија напиша дека годишнината претставува „ново поглавје во унапредувањето на статусот на Косово во Северноатлантската алијанса“.