Почнува летното сметање на времето

0
212

Дебатата трае со години, но промена и натаму нема – сѐ уште двапати во годината стрелките на часовникот се поместуваат нанапред или наназад.

Овој викенд почнува летно сметање на времето – во Германија и во повеќето европски земји стрелките на часовниците на 31 март ќе се поместат од 2 на 3 часот наутро. Целта на мерката, која беше повторно воведена во 1980 година, беше подобро да се искористи дневната светлина.

За значењето и целта на мерката се дебатира со години. Анкетите често покажуваат дека мнозинството граѓани се против промената на времето. Во 2018 година, Европската Комисија ги анкетираше граѓаните низ Европа околу ова прашање. Нерепрезентативното истражување покажа дека 84 отсто од испитаниците беа против промената. За да го укинат, земјите од ЕУ треба претходно да се договорат дали сакаат трајно летно или трајно зимско сметање на времето. Бидејќи за ова нема договор, прашањето е во мирување. Актуелното белгиско претседателство со Советот на ЕУ, исто така не сака да се занимава со ова прашање.