ПСИХИЈАТАР ПОДГОТВУВАЛ КУЧИЊА ЗА БОРБА ГИ МАЧЕЛ И УБИВАЛ

0
195

Уапсен психијатар од Сплит – подготвувал кучиња за борби, ги мачел и ги убивал.

Сплитската полиција уапси 64-годишен маж за кој е утврдено дека извршил кривични дела убивање или мачење животни и уништување заштитени природни вредности, соопшти денеска хрватската полиција.

.По спроведената истрага, ветеринарната инспекција утврдила дека на локацијата во Сплит има вкупно 69 животни, 61 возрасно куче, шест кученца и два волци, така што постапката за згрижување на пронајдените животни е во тек и се преземаат понатамошни мерки согласно законот, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека има основани сомнежи дека 64-годишникот во Сплит незаконски поседувал два волци, мажјак и женка, кои се строго заштитен вид.

Животните се пронајдени на Путо Оришца во Стобреч, пишува далматинскиот портал и додава дека е уапсен психијатар од Сплит.

На местото на настанот се полицијата, инспекторатот и Општинската полиција на градот Сплит. Пристигнаа и членови на здружението за заштита на животните од Сплит-Далмација и од соседните окрузи кои ги земаат животните.