Преку Фејсбук праќал заканувачки пораки кон полициски службеници! Кривична за маж од кочанско Облешево

0
101

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од с.Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста“.

Во периодот од 24.02 до 28.02.2024 на социјалната мрежа Фејсбук, пријавениот во неколку наврати испратил пораки со заканувачка содржина на тројца полициски службеници.