Прободено дете кај трговскиот центар „Мавровка“

0
142

Малолетник е прободен кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, а сторителот е веднаш приведен.

Инцидентот се случил денеска околу 13.30 часот.

Како што дознава „Република“, неофицијално, станува збор за меѓусебна кавга која ескалирала во тепачка, а очигледно „заиграле“ и ножеви.

Инцидентот бил пријавен од случаен минувач во СВР Скопје, по што полицијата веднаш реагирала и сторителот бил фатен.