Џафери:Има време да се заменат документите до изборите

0
124

Граѓаните имаат уште 50 дена до избори за да ги заменат старите документи со нови на кои стои името „Северна Македонија“, согласно со Договорот од Преспа. Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека со сегашната динамика на издавање на документи во МВР реално е да се очекува дека околу 100 илјади граѓани, за кои се претпоставува дека ги немаат заменето документите, ќе можат да ги обноват ако навреме аплицираат за тоа. Тој се повика на податок на МВР, според кој само за еден месец, од 1 до 29 февруари се изготвени над 95.000 пасоши со новото име на државата, а биле поднесени 124.000 барања