Силјановска: Ќе ги помилувам осудените за 27ми Април. Само така ќе се случи помирување

0
93

Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, вчера во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма изјави дека доколку стане претседателка ќе ги помилува лицата осудени за упадот во собранието на 27ми Април 2017.

Така ќе дојде до помирување- изјави таа.

Во првиот предмет за упадот во Собранието беа обвинети 33 лица од кои со закон за амнестија беа помилувани 15 лица. За 16 осудени за „тероризам“ судот донесе пресуда со вкупно 188 години затвор.