БИЗАРНО/ВИДЕО: Пчели го „нападнаа“ тенискиот меч меѓу Алкараз и Зверев

0
110

Карлос Алкараз го „збриша“ Александар Зверев победувајќи со 6-3 и 6-1 за пласман во полуфиналето во Индијан Велс.

Мечот почна неизвесно, и двајцата тенисери освоија по гем, а потоа се случи нешто незабележано на тениските и спортските терени. Огромен рој пчели изврши буквално инвазија на Стадион 1 претворајќи една од камерите кои го покриваат теренот во своја „кошница“ и принудувајќи ги тенисерите да се повлечат.

Главниот судија го прекина мечот, а паузата траеше речиси два часа. Дури откако локалниот „убиец на пчели“, Ленс Дејвис успеа да ги растера пчелите, тенисерите се вратија и повторно заиграа.