Тетовец платил за невалидна работна дозвола за странство

0
156

Триесет и двегодишен жител на тетовско село, вчера во 13 часот и 50 минути пријавил дека Б.М. и Ќ.М. од тетовско Боговиње пред скоро една година му ветиле дека ќе му обезбедат документи со кои наводно ќе може да работи во странска земја, а за што на Ќ.М. тој му платил 2000 евра и потоа им дал и мотоцикл со иста вредност.

„Според пријавеното, со добиените документи не му било овозможено да работи во земјата и сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот“, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.