Тетовци стравуваат од поплави, бараат да се отстранат исечените дрвја кои сè уште се во коритото на Пена

0
128

Дел од граѓаните кои живеат во близина на коритото на река Пена каде што беше извршено сечење на дрвја бараат државната установа надлежна за шуми да ги отстрани дрвјата од коритото. Тие велат дека се плашат од опасноста од поплави затоа што се останати исечените дрвја во речното корито.

„Бараме шумското стопанство да ги расчисти дрвјата од коритото, бидејќи тие беа оние кои реагираа. Директно бараме да се исчисти коритото, кој има надлежност да го направи тоа за да си ја врши работата без никаква друга цел, истакнаа граѓаните кои ги повикаа медиумите.

– Со задоволство ја дочекавме акцијата која почна да се презема, бидејќи јас живеам во горниот дел, порано немаше вакви акции, некогаш имаше отстранување на камења и карпи. Не гледам дека дрвјата надвор од коритото се исечени, но во реката, знаеме дека коритото треба секогаш да биде слободно, рече друг жител на Тетово.

Долж теченито на левата страна од коритото на реката Пена кон месноста Бањиче, ЈКП Тетово пред два дена започна со сечење на високостеблести дрвја, но акцијата ја спречи полицијата.

ЈКП Тетово имаше образложение дека преземаат акции за чистење на речното корито, но граѓаните и еколошките организации излегоа со осуда.

Тетовци кои секојдневно шетаат покрај реката, велат дека се работи за децениски раскошни дрвја, кои го штителе речното корито од ерозии.