Тешка сообраќајка: Пежо управувано од малолетно лице удри во ѕид, четири деца под 18 се повредени и пренесени во болница

0
211

На 08.03.2024 во 20.30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Долно Палчиште-Тетово патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Долно Палчиште, излетало надвор од патот и удрило во ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобиле уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.