Трагедија: Во нива под превртен трактор пронајден мртов маж, телото е дадено на обдукција

0
235

Вчера во 14.45 часот во СВР Велес од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во нива во атар на село Сујаклари,

велешко, констатирале смрт кај 73-годишниот А.К. од село Сујаклари, велешко, извести МВР.

Според пријавеното, во нивата имало превртен трактор, а телото на А.К. било под него, велат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.