Бојмацалиев: НАТО е безбедност, а ЕУ е иднина и финансиска стабилност

0
104

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за утринската програма на Клан ТВ беше запрашан за можно руско сценарио во предизборниот период.

„Видете, со негласањето на уставните измени, и оттргнување од патот од ЕУ, се дава простор на руското влијание. Тоа е една од причините кои ме загрижуваат со негласањето на уставните измени. Со тоа го отвораме патот за рушење на довербата во Европската Унија, а патот кон ЕУ е единствениот пат за оваа земја. Големиот број на граѓани, за наша среќа се поддржувачи на овој пат. Ние имаме многу малку мала група кои се поддржувачи на некој друг пат за кој и тие самите не знаат кој е тој пат. Ако ги прашате тие политичари кога велат „НЕ за ЕУ“, кој е другиот пат, тие и самите не знаат или не сакаат да признаат за кој пат се тие и кој ги финансира во суштина да го прават сето тоа. Пак ќе кажам, добро е што најголемиот процент на граѓани се свесни дека Европската Унија е единствениот пат на нашата држава и добро е што доаѓам од политичка партија којашто силно ќе се бори на претстојните избори да го покажеме и докажаме тоа дека Европа е единствениот пат. Секој друг пат е лош пат. А МВР е спремно за секакви надворешни влијанија. Заедно во координација со сите безбедносни служби, редовно имаме координиација, состаноци, Претседателот свикува Безбедносен совет, тука ги разменуваме нашите информации на дневна и месечна основа, се со цел граѓаните да бидат безбедни и досега тоа успешно го правиме”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој потенцираше дека нашата држава е членка на НАТО и не може да очекуваме украинско сценарио во Република Северна Македонија.