Турските власти дале рок за екстрадицијата на Палевски, Лога очекува таа да се случи наскоро

0
81

Турските власти дале рок за екстрадицијата на првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Министерот за правда Кренар Лога, вели дека неофицијално и денеска комуницирале со турските власти за екстрадицијата на Палевски, но нагласува дека судскиот дел е завршен кај нив-останува уште административниот дел.

„Според нивните правила, мора прво таму да се потпише од страна на нивното МНР и од министерот за правда. Очекувам дека за брзо време ќе се случи тоа. Ни дадоа рок, јас не сакам да кажувам такви детали, бидејќа таа работа зависи од нив а не од нас.“ – изјави Лога.

Tv24.