Урош Блажиќ не се кае за масакрот, себе си се опишал како жртва на потсмев од мештаните

0
146

Урош Блажиќ, обвинет за бруталното убиство на девет и ранувањето на уште 12 лица на подрачјето на општина Младеновац, ноќта меѓу 4 и 5 мај минатата година, во своја одбрана пред обвинителот, не покажал никакво каење за масакрот, но се обидел да се прикаже како жртва на потсмев од жителите на местото каде што го извршил делото.

Во сведочењето пред Вишото јавно обвинителство во Смедерево, кое е дел од обвинението, Блажиќ детално ја изнел својата одбрана, жалејќи се пред се дека тој и неговиот татко, постариот брат и мајката биле незаконски избркани од станот во кој пораснал, бидејќи му наредиле на татко му да се исели или во спротивно ќе биде отпуштен.

Како што изјавил, пушката „калашников“, бомбите, мините и пиштолот ги нашол на поткровје од куќа во Шепшин, а рекол и дека сака да оди на стрелиште и да вежба гаѓање.