Хигиеничарка во бугарскиот конзулат во Битола правела интервјуа, одлучувала кој ќе добие пасош

0
167

Хигиеничарка спроведувала интервјуа- официјална Софија открила „недозволиви прекршувања“ во конзулатот во Битола.

Чистачката во Бугарскиот конзулат во Битола Весна Котевска спроведувала интервјуа со кандидати за бугарско државјанство, откри бугарскиот пратеник Ангел Георгиев.

Тој за случајот постави пратеничко прашање во бугарскиот парламент за министерката за надворешни работи Марија Габриел. Министерката, која истовремено е и вицепремиерка, му одговори дека имало системски пропусти во Бугарскиот конзулат во Битола, и дека чистачката веќе нема пристап до архивата и конзулската служба. Но, таа негираше дека чистачката вршела интервјуа за бугарско државјанство. „ваквите пропусти се недозволиви“, кажа Габриел.