Џафери за два дена го смени ставот, сега бара сите граѓани со истечени документи да можат да гласаат

0
93

На граѓаните треба да им се овозможи да гласаат на пролетните избори со стари документи без никаков рок, смета техничкиот премиер Талат Џафери. Откако во четвртокот (7.03) во Собранието беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, Џафери вели дека со оваа законска измена нема целосно да се реши проблемот со валидноста на докумените на граѓаните во изборниот процес.

Пратениците по скратена постапка ги усвоија измените, со кои меѓудругото се овозможува избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржување на изборите.