Џафери денеска ќе разговара со Стојанче Ангелов за неговото разрешување

0
125

Сметам дека ќе заврши со разрешување, нема друг начин, а за тоа дека сме во изборен период тоа треба да го реши друг орган, изјави Џафери одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Теарце.

Директорот на ЦУК, Ангелов во телефонска изјава за Канал 5 вели дека веќе остварил разговор со Талат Џафери, но не сакаше да открие детали, и ниту ја потвреди, ниту ја демантираше веста за негово евентуално разрешување.. Тој пред два дена на фејсбук објави дека на генералниот секретар Зечевиќ и на претседателот на СДСМ Ковачевски им предложил да ја понуди својата оставка до Џафери од позицијата во ЦУК, но оти од нивна страна тоа не било прифатено. Тој за Канал 5 соопшти дека останува подготвен да остане на чело на ЦУК, но ако биде разрешен ќе се врати на своето претходно работно место во М-НАВ..