Во тетовско два случаи на агресивно однесување кон полицајци

0
116

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 14 часот и 45 минути на улица „Фуштанска“ во Тетово го привеле 24-годишниот А.А. од тетовска Долна Лешница, кој се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Вчера околу 11 часот и 30 минути на улица „Цветан Димов“ во Тетово пак полициски службеници на СВР Тетово го привеле 56-годишниот тетовец Ш.М., кој се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија.Пo документирање на случајот против Ш.М. ќе биде поднесен законски предвидениот поднесок.