ВЛЕН и кандидатот за претседател Арбен Таравари пристигна во Берлин

0
72

Караванот на коалицијата ВЛЕН и кандидатот за претседател Арбен Таравари пристигна во Берлин каде имаше средби со албанската дијаспора. Таравари од централната средба истакна дека без дијаспората не е направен ниеден политички процес, па затоа бараат нивен ангажман за политички промени.

„Гласајте за политичката ротација што треба да се случи во Северна Македонија. На овој начин овозможуваме еден дел да се врати да живее во Северна Македонија. Можете да комуницирате со многу луѓе, да побарате да не поддржат на 24 април, бидејќи 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај“, рече Арбен Таравари, кандидат за претседател.