Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин

0
69

Доживотна казна затвор доби 59 годишниот кочанчанец, која лани во септември, со 40 убоди од нож ја усмрти 46 годишната поранешна партнерка пред нејзината куќа кога се подготвувала да оди на работа. По признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за убиство при родово базирано насилство и на свиреп начин.

Пред да го изврши убиството, вршел и изнуда на пари со компромитирачки снимки, за кои се заканувал дека јавно ќе ги објави. Поради ова ОЈО Кочани го товареше и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, но тој се изјаснил дека не евиновен, па постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судската постапка.