Таравари: Просечна плата од 800 евра

0
56

Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари на средбата со коалициските структури во Скопје рече дека за време на неговиот мандат ќе се заложи просечната плата во земјава да достигне 800 евра. Тарвари рече дека фокусот на неговиот мандат ќе биде и спречување на иселувањето.

„Економијата бара одговори, а и иселувањето бара одговори. Не може вака да продолжи со корумпирана и изнудувачка влада. Дефинитивно ни треба промена. Поради оваа причина, ние како коалиција Вреди треба да гарантираме зголемување на просечната плата, која според нашите проценки треба да биде најмалку 800 евра“, рече Таравари.