Драма во Франција: Две девојчиња повредени во напад со нож во близина на училиште, полицијата го уапси напаѓачот

0
92

Како што извести жандармеријата, 11-годишното девојче било нападнато пред училиштето, а шестгодишното на блискиот плоштад
Две девојчиња се полесно повредени во напад со нож во близина на градот Суфелвајсхајм, соопшти денеска француската полиција.

Според извештаите, повредените девојчиња се на возраст од шест и 11 години, јавува француска телевизија БФМ.

Како што извести жандармеријата, 11-годишното девојче било нападнато пред училиштето, а шестгодишното на блискиот плоштад. Двете малолетнички имаат површни рани и се хоспитализирани.

Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е уапсен.

„Човекот не е познат на службите и се чини дека неговите мотиви не биле поврзани со радикализација“,

соопшти жандармеријата.