Албанскиот може да стане трет јазик во Швајцарија, англискиот веќе го надмина италијанскиот

0
529

Англискиот јазик како и албанскиот јазик добиваат значајно место во Швајцарија, покажуваат официјалните податоци од Берн, пренесени од швајцарскиот медиум на албански јазик Le Canton27.ch, повикувајќи се на податоци на Федералниот завод за статистика (ОФС) во Нојшател.

Англискиот како главен јазик напредува, па дури и го заменува италијанскиот на подиумот на најзборуваните јазици во земјата.

Албанскиот јазик се смета за еден од најпопуларните јазици во Швајцарија.

Федералната канцеларија за статистика неодамна објави дека за прв пат по повеќе од 10 години, повеќе луѓе во Швајцарија зборуваат албански отколку португалски.

Швајцарските власти (ОФС) во меѓувреме тврдат дека италијанскиот повеќе не е трет јазик во Швајцарија туку англискиот го „симна од тронот“.

Но, не завршува тука. Англискиот јазик е загрозен од албанскиот јазик, пренесува Le Canton27.ch.

Кристоф Фрејмонд од Федералниот завод за статистика изјави дека „бројот на Албанците е значително зголемен во споредба со другите заедници. „Секоја година стотици од нив се натурализираат, односно добиваат швајцарски пасоши.

Според Федералната канцеларија, над 300.000 Албанци, односно граѓани кои зборуваат албански јазик, денес живеат и работат во Швајцарија, а огромното мнозинство од нив се од Косово.