Ковачевски: Јасно е дека луѓето не казнија и го прифаќаме тоа но нема да се откажеме

0
96

Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не казнија и тоа го прифаќаме. Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија. Но, се уште не е доцна да се смени правецот, откажувањето за нас не е опција“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на Македонија и дека имаат уште две недели за да се испрати пораката до секој граѓанин дека едиснтвениот начин за вистинска суштинска промена е европската интеграција.

„Време е да ги ставиме на страна разликите и да се обединиме зад идејата за европска Македонија. Мора да ги ставиме на страна сите несогласувања, бидејќи тука зборуваме за иднината на земјата и ако ја пропуштиме шансата ќе треба далеку повеќе време за да ја вратиме земјата на вистинскиот пат“, истакна Ковачевски