Арачиново под полициска опсада: Среде бел ден пукано кон градоначалникот Ридван Ибраими

0
122

Среде бел ден со автоматско оружје пукано кон градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими, куршумите кои неофицијално биле наменети за него завршија кај член на неговото обезбедување и неговиот шофер. Арачиново цело под полициска опсада, откако кон Ибраими било пукано од автомобил во движење.

-Денеска (01.04.2024) во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на село Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на Општина Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица.