Голем пораз на Ердоган на локалните избори во Турција

0
105

Реџеп Таир Ердоган го доживеа најголемиот изборен пораз, прв пат по четвртина век кариера. Неговата партија АКП изгуби во големи градови Инстанбул, Анкара, Измир, Анталија но и во други големи градови.

Главната опозициска партија во Турција ја задржа контролата врз клучните градови и оствари големи придобивки на други места на локалните избори.Изборите кои се одржаа вчера беше големо вознемирување за Ердоган,кои имаше цел повторно да ја превземе контролата врз тие урбани области.

Ердоган изгуби и во родниот град Истанбул со преброени повеќе од 90 отсто од гласовите, актуелниот градоначалник на инстанбул Екрем Иманоглу од републиканската партија води со над 10 проценти.

„Ова се повеќе од избори за градоначалник, тоа е менталитет во историјата“. „Ако се предаде на историјата, демократијата ќе заживее…и законот и правдата ќе закрепне“. – изјави Екрем Иманоглу.

Ердоган призна пораз и губење, тој посочи дека не го постигнале резултатот што го посакувале и на кој се надевавале на општинските избори.

„Ако сме направиле грешка, ќе ја поправиме во годините кои идат. Ако нешто сме пропуштиле, ќе го завршиме успешно, рече Ердоган кому верна му остана централна Турција, а големи победи освои и во градовите кои беа погодени со катастрофалниот земјотрес лани во февруари.“ – рече изјави Ердоган.

Изборниот пораз на локалните избори во Турција е резултат на економијата, паѓањето на животниот стандард, како и војната во Газа. 16 милиони жители на Инстанбул испратија јасна порака за поразот на изборите. Поразот на неговата Партија на правдата и развојот, особено во Истанбул, ќе има сериозни последици.