Ахмети: За грешките на Мицкоски сметката не треба да ја плаќа цело ВМРО

0
110

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека за грешните на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сметката не треба да ја плаќа цела партија.

„Ние со ВМРО сме владееле заедно 11 години и сме направиле добри работи, за грешките на Христијан сметката не треба да ја плаќа ВМРО. Јас не можам да кажам дека нема да влеземе во соработка со ВМРО бидејќи 11 години сме комуницирале, сме владееле заедно и секако дека сме имале согласувања несогласувања но никогаш тоа не сме го објавиле и нема да ги објавиме затоа што ако немаше разлики, да немаше дебата ќе бевме една политичка партија или ВМРО ќе се претвореше во ДУИ или ДУИ во ВМРО“, вели Ахмети.