Ученик во ОУ во Влае претепало ученици и наставничка

0
116

Денеска во 11,30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, ученик физички нападнал ученици и наставничка која, според интервенцијата на медицинската екипа, добила полесна повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се работи за ученик од Битола без родители, помал од 14 години, а во Скопје престојува во мал групен дом. Социјални работници и психијатар веќе извршиле разговор со детето. По редовните контроли на психијатрија му била препишана терапија која детето мора да ја прима. Стручни лица предложиле итна хоспитализација на детето.